Хрватска од денеска претседава со Советот на Европа

Хрватска од денеска го презема преседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години.

77

Хрватска од денеска го презема преседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години.

Светските агенции коментираат дека тоа се случува во истата седмица кога најстарата организација во Европа во соопштение го критикува Загреб за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.

Хрватска го презема претседателството од Данска, а по шест месеци ќе го отстапи на Финска.

Во моментов Советот на Европа има 47 членки – сите земји во Европа со исклучок на Белорусија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...