Хрватска во водите на Медитеранот ќе го испрати денеска првиот контигент свои војници што ќе бидат дел од НАТО операција за поддршка на мирот „Sea Guardian“.
Брод на Хрватската воена моранарица РТОП-41 Вуковар, на кој има 50 членови на екипаж од Сплит ќе се упати во водите на Средоземното Море. Тоа е првпат брод на Хрватската воена морнарица да учествува во операција што ја води НАТО. Таа ќе трае од 5 до 21 септември.
Воениот брод ќе извршува неборбени задачи и ќе обезбедува поддршка за НАТО во стратешко комуницирање, наведува хрватското Министерство за одбрана.
Во описот на активности е и идентификација на бродови со цел спречување можни опасности (тероризам, илегални активности на море, загрозување слобода и безбедност на пловидба).
На Самитот на НАТО одржан во Варшава во 2016 година НАТО формално најави трансформација на поморската антитерористичка операција Active Endeavour во Медитеранот во нова поморска безбедносна операција под име Sea Guardian. Хрватскиот брод претходно учествувал во меѓународни воени вежби во Италија, Словенија, Грција и во Албанија.