Хрватите избираат претседател

72

Во Хрватска денеска се одржуваат претседателски избори, на кои 3,85 милиони избирачи ќе одлучат кој од 11 кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.

Избирачките места се отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Рекорден број набљудувачи, повеќе од 24.000, ќе ја следат работата на изборните тела на претседателските избори.

Избирачите во првиот круг од изборите ќе одлучуваат кој ќе влезе во вториот круг, што е извесно дека ќе биде одржан.

Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.

Според анкетата, во случај Шкоро да помине во втор круг, би ја победил актуелната шефица на државата со разлика од 3,6 отсто од гласовите (Шкоро 48,7 проценти, а Гранар Китаровиќ 45,1 отсто). Од друга страна, додека во трката би биле Шкоро и Зоран Милановиќ, победничката разлика би била 5,6 отсто во корист на хрватскиот пејач.

Од вкупно 11 кандидати кои ќе учествуваат денеска на изборите, уште само европратеникот и поранешен судија на Стопанскиот суд во Загрем, Мислав Колакушиќ би освоил околу седум отсто, а сите останати се под три проценти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...