Четири милиони евра треба да инвестира Друштвото за производство и трговија Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје и да овозможи вработување на 300 лица. Инвестицијата на компанијата треба да се реализира во Инџиково, општина Гази Баба.
– За оваа компанија Владата вчера на седница прифати информација за предлог – договор за доделување државна помош, и ја овласти Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за привлекување странски инвестиции, на 13-ти овој месец, да го потпише предложениот договор за доделување на помошта – информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
По ова, додаде Хоџа, ќе следува и реализација на оваа инвестиција, која се планира да биде во Инџиково-Општина Гази Баба.