Хоџај: Одговорот за убиството на Ивановиќ се крие во Белград

– Четири месеци од убиството на Оливер Ивановиќ а Србија сѐ уште одбива да соработува со Косово ...- напиша Хоџај на Твитер.

186

Заменикот косовски премиер Енвер Хоџај се јави на Твитер со тврдење дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на Оливер Ивановиќ и дека одговорите за тој инцидент се кријат во Белград.

– Четири месеци од убиството на Оливер Ивановиќ а Србија сѐ уште одбива да соработува со Косово бидејќи сакаат да ја скријат вистината и да ја попречат правдата. Неговото убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград – напиша Хоџај на Твитер.

Министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ ги обвинува властите во Пришина за нерешавање на убиството на лидерот на Србите во Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...