Хотелот „Континентал“ ќе оди под хипотека во Комерцијална банка за кредит од 960.000 евра

Имотот кој се дава под хипотека има вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра што е 74,7 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка.

5178

Хотелот „Континентал“, земјиштето под него како и целиот инвентар и опремата со кои располага стануваат хипотекарна гаранција за кредит од 960.000 евра кој го подига сопственикот на хотелот, компанијата „Интернешнел хотелс“ АД Скопје во Комерцијална банка.

Ова го соопшти компанијата преку Македонска берза.

Одлуката за ставање под хипотека на хотелот „Континетал“ треба да ја донесе собранието на акционери на „Интернешнел хотелс“ АД Скопје закажано за 5 март годинава.

Според она што е соопштено, за добивање рамковен револвинг кредит-лимит во износ од 960.000 евра, „Интернешнел хотелс“ АД Скопје под хипотека става недвижен имот зградата на хотелот со вкупна површина од 17.135 м2 негова сопственост и земјиште под и околу објектот со вкупна површина од 12.296 м2 , како и подвижен имот – опрема и инвентар во хотелот „Континентал“.

Имотот кој се дава под хипотека има вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра што е 74,7 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка.

Од одлуката на акционерите ќе зависи дали „Интернешнел хотелс“ АД Скопје ќе се задолжи во Комерцијална банка со кредит од 960.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...