Хотелите на охридско-струшкото крајбрежје преполни со туристи

Хотелите се преполни, се бара кревет плус и кај приватните станоиздавачи. Од она што сум информиран од терен, на охридско-струшкото крајбрежје се е исполнето до последното место, пребукирани сме , велат од ХОТАМ.

122

На охридско-струшката ривиера се бара место повеќе. Сместувачките капацитети се исполнети до максимум, информира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Тоа, како што нагласи, е добро. Туристичката сезона го достигнува својот врв, а туристичките работници, работат за целосна исполнетост и добра сезона.

– Хотелите се преполни, се бара кревет плус и кај приватните станоиздавачи. Од она што сум информиран од терен, на охридско-струшкото крајбрежје се е исполнето до последното место, пребукирани сме – изјави Блажески за МИА.

Секоја година туристичкиот максимум е околу 2-ри август, односно крајот на јули и почетокот на август, а причина за тоа, споре него, е богатата културна и забавна понуда.

– Забавите и културните настани во овој период се најбројни, токму тие во најголем број ги привлекуваат гостите. Познати ди-џеи, звучни естрадни имиња, културни манифестации…, секојдневно гостуваат на ривиерата – подвлече првиот човек на ХОТАМ.

Туристичката понуда на охридско-струшкото крајбрежје годинава е збогатена со изградбата и пуштањето во употреба на неколку луксузни хотели, што го подига и нивото на услугите.

Исполнетоста е голема и на Преспанкото крајбрежје и во Дојран, а Блжески ги повика домашните, но и странските туристи да ја посетата Македонија и да ги видат убавините што таа ги поседува.

– Препорака до домашните, но и странските гости: посетете ги убавините на Македонија. Дали тоа ќе биде едно од езерата кое ќе го одберете или ќе се одлучите за друга алтернатива, квалитетот на услугите е на високо ниво и сите хотели и помали сместувачки капацитети се подготвени да ве деочекаат. Посетете некоја македонска дестинација – нагласи Блажески.

Покрај од земјава, и годинава остануваме најпривлечна дестинација за Холанѓаните, но не изостануваат ниту гостите од соседството, Полска, Белгија, Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...