Тунискиот претседател Беџи Каид Есебеси денеска е префрлен во воената болница во главниот град Тунис поради акутни здравствени проблеми, соопшти Претседателската палата, без да наведе повеќе детали.
Како што јави ДПА, 92-годишниот Есебси, која ја презеде претседателската должност кон крајот на 2014 година, најави дека не планира да се кандидира за втор мандат на изборите предвидени во ноември годинава.
Соопштението за влошената здравствена состојба на тунискиот претседател доаѓа по денешните два самоубиствени бомбашки напади во градот Тунис, при што загина еден полицаец, а уште осум лица се ранети.