Холивуд му сврте грб на Чарли Шин, па тој не може да плаќа алиментација за децата

Во минатото, тој имаше проблеми со дрога, алкохол и проститутки, а пред неколку години лекарите открија и дека е ХИВ позитивен.

781

Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, па веќе, се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги – Дениз Ричардс и Брук Мјулер.

Шин (52), кој има две ќерки со Ричардс и два сина близнаци со Мјулер, тврди дека не може да најде стабилна работа, оти во повеќе погледи е „ставен на црната листа“ од страна на забавната индустрија.

Освен четирите малолетни деца, Шин има уште една ќерка со неговата девојка од средно, Пола Спирт, со која бил пред повеќе од 30 години.

Во минатото, тој имаше проблеми со дрога, алкохол и проститутки, а пред неколку години лекарите открија и дека е ХИВ позитивен.

Во февруари годинава глумецот стави на продажба неколку од неговите луксузни живеалишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...