Американската актерка Алисон Мак (36), која се прослави по улогата во тинејџерската серија „Смолвил“, вчера призна дека е виновна за присилување лица на секс и физичка работа во секатата Nxivm, каде што била припадник.
Актерката се појави во федералниот суд во Бруклин, цело време плачејќи. Признала дека е виновна за уцена и завера, како и за изнуда и присилување на работа. Таа ги принудувала жените да му ги исполнуваат сексуалните желби на лидерот на култот, Кит Рениер. За бизарниот култ се знае од 2017 година, а приказната за него ја објави „Њујорк тајмс“.
Алисон, навиодно била втора во хиерархијата, а имала улога на лидерот да му носи нови жртви, кои ги принудувала на физичка работа и на секс, а притоа биле вербално навредувани, па дури и жигосувани со неговите иницијали.
Жените морало да гладуваат сè додека лидерот на култот не се согласел дека имаат идеална тежина. Тие биле фортографирани голи без нивна дозвола.
Во 2003 година Рениер ја формирал секатата во која проповедал дека жените трееба да бидат моногамни, а мажите да менуваат што е можно повеќе жени. Актерката во судницата толку многу плачела, што на неколкупати судијата го прекинувал судењето за да ја праша дали ѝ е добро.