Холандски рецепти ала Марк де Јонг

Не е лесно да си готвач, дури и кога си познат шеф. Марк де Јонг кој веќе се одомаќи во татковината на својата мајка и веќе цели 5 години живее во Скопје, денеска можете да го најдете во Јавна соба кадешто ги подготвува состојките за холандските специјалитети што ќе ги прави по повод националниот ден на Холандија. Се разбира, на свој, македонско-белгиски начин.

768

Пред пет години Марк Де Јонг дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му – да дојде барем еднаш и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка. Така, дојде во Македонија и остана да живее во Скопје.

Ги освои симпатиите на јавноста и стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата шефови во телевизиското шоу „Брза кујна“, но и како дел од многу настани и учества на македонските готвачи на светски кулинарски натпревари.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...