Холандски пензионер чувствува дека е во одлична психофизичка кондиција и смета дека е дискриминиран на пазарот на труд и во љубовта, поради што побара по судски пат да му се „отпишат“ 20 години и да биде сметан дека има 49 наместо 69 години.
– Се чувствувам млад, силен и мускулест и барам тоа законски да ми се признае, бидејќи се чувствувам понижен – изјави пред Судот Емил Рателбенд.
Тој образложи дека е личен тренер „специјализиран за развој на самосвет“, а себе се нарекува „млад Бог“.
Пред Судот тој изјави дека неговото барање е еднакво легитимно како и барањата на лицата кои сакаат во докуметите да им пишува „трет пол“.