Американскиот актер Џони Деп (55) во моментот се наоѓа во Белград каде го снима новиот филм „Минамата“ во кој ја игра главната улога на фоторепортерот. Но, освен што времето го поминува на сетот, актерот се нашол во необична ситуација, пишува „24сата.хр“.
Имено, на социјалните мрежи е објавен видеозапис каде Деп во една српска кујна разговара со папагал. Ситуацијата не би била толку необична доколку актерот не зборувал на српски јазик.
„Посебно, единствено видео на Џони Деп како разговара со Беба, се шегува, малку и пцуе на српски јазик, а таа демек го игнорира. Бидејќи Беба е една од ретките која „уловила врабец““, напишал под видеозаписот сопственикот на папагалот со кој Деп „разговарал“.
Прво публиката зад камерата го наговарала да се бакне со папагалот, а потоа откако папагалот останал „ладен“ и не ги слушал наредбите на актерот тој почнал да пцуе.
Деп се обидел да остане воздржан, па љубезно го прашал папагалот како се вика и додал дека нема причина да биде ладен кон него.
– Во шок е, преплашен е – рекле луѓето зад камерата.
<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/6kbxMSqgDAM” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>
ФОТО: Фејсбук/Принтскрин