Хирошима одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во своето обраќање по повод годишнината, ги опиша страотните сцени по силната експлозија на овој ден во 1945 година, како и агонијата преку која минаа жртвите.

50

Хирошима денеска одбележува 73 години од атомското бомбардирање, тажна меморијална служба за жртвите, а јапонските власти повикаа на елиминација на нуклеарното оружје во време кога земјата се надева дека ќе ја деактивира Северна Кореја.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во своето обраќање по повод годишнината, ги опиша страотните сцени по силната експлозија на овој ден во 1945 година, како и агонијата преку која минаа жртвите.

Во говорот во Меморијалнито парк изрази загриженост поради заострување на егоцентричните политики во светот, и предупреди на нуклеарните закани како опасност за глобалната безбедност. Мацуи ги повика светските лидери да работат непоколебливо на елиминирање на нуклеарното оружје во светот.

На церемонијата присуствуваше и премиерот Шинзо Абе кој предупреди дека со несогласувањата меѓу нуклеарните и ненуклеарните држави се прошируваат, но вети дека ќе направи се за да се премости тој јаз.

Во нападот врз Хирошима загинаа 140.00 луѓе, а во бомбардирањето на Нагасаки три дена подоцна, повеќе од 70.000. Тоа предизвика јапонија да се предаде и за крај на Втората светска војна.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...