ХЕС „Црн Дрим“ предвреме го оствари годишниот план на производство

Во двете електрани за пет месеци произведени се вкупно 364 милиони киловат часови електрична енергија, што значи 100-отстотно исполнување на усвоениот електроенергетски биланс за годинава.

113

Како резултат на исклучително поволната хидрологија, како и подготвеноста на електромашинската опрема во Хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим“, што го сочинуваат хидролектраните „Шпиље“ и „Глобочица“, веќе е реалзиран годишниот план за производство на електрична енергија.

Во двете електрани за пет месеци произведени се вкупно 364 милиони киловат часови електрична енергија, што значи 100-отстотно исполнување на усвоениот електроенергетски биланс за годинава.

– Гледано поединечно, во ХЕ „Шпиље“ кај Дебар произведени се 230 милиони киловат часови електрична енергија, што е речиси двапати поголемо производство во однос на планираното за овој период од годината, а 3,5 пати поголемо во однос на истиот период од минатата година. Во ХЕ „Глобочица“ кај Струга произведени се 134 милиони киловата часови струја што е двапати поголемо во однос на планираното за овој период, а повеќе од трипати поголемо во однос на истиот период од минатата година – потврдуваат надлежните во ЕЛЕМ за МИА.

Оттаму посочуваат дека двете хидроелектрани технички се во солидна кондиција, а во акумулациите има одлична резерва на вода за производство. Во акумулација ХЕ „Шпиље“ има резерва за производство на 42 милиони киловат часови додека во акумулацијата ХЕ „Глобочица“ со Охридско Езеро 75 милиони киловат часови електрична енергија.

Како резултат на позитивните показатели се очекува годинава ХЕС „Црн Дрим“ да оствари рекордно производство на електрична енергија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...