Херој во Тексас спасувал деца за време на масакрот: Полицајци помислија оти јас сум напаѓачот (ВИДЕО)

1634
ФОТО: Принтскрин

Американскиот воен ветеран Глендон Оукли е херој за многумина, откако за време на масакрот во Тексас затекнал деца без родители пред игротека и ги одвел на сигурно.

Глендон изјавил дека бил во продавница за спортска опрема кога влетало момче и кажало оти има напаѓач во трговскиот центар.

– Продавачот и јас мислевме дека се шегува, но брзо потоа го слушнавме пукањето. Тргнавме кон излезот, кога забележав група уплашени деца. Ги одведов со себе надвор – кажал тој.

Оукли го извадил и пиштолот за кој имал дозвола, со цел да се заштити. Поради тоа, за малку ќе настрадал.

– На паркингот ме запреа полицајци, кои мислеа дека јас сум напаѓач. Им ја покажав дозволата и ми рекоа дека е во ред. Не размислував за својот живот, сешто можеше да се случи – рекол тој потресен за „Си-Ен-Ен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...