Хеликоптер се урна врз зграда на Менхетн, Њујорк, САД. Најмалку еден е загинат.
Несреќата се случила на Седмата авенија, а полицијата во почетокот мислела дека станува збор за авион, а не за хеликоптер.
На самото место пристигнале стотина пожарникарни возила, а најмалку една зграда е евакуирана.
Како што наведуваат медиумите, хеликоптерот сакал да слета на покрив на една зграда, но при слетувањето настанал пожар. Очевидците истакнале дека почувствувале затресување на зградата, но не знаеле за што се работи.
NYPD: “There was a helicopter hard landing on the roof of 787 7th Avenue in Midtown Manhattan. Fire has been extinguished. Please continue to avoid the area.” https://t.co/ldaz28ao0k
— Breaking911 (@Breaking911) June 10, 2019