Данската супермоделка Хелена Кристенсен и на прагот од шестата деценија од животот изгледа фантастично, судејќи по најновата фото-сесија за списанието Инстај.
Хелена ги облече своите металик Тиери Маглер бикини во коишто позирала во 1991 година, а многумина сметаат дека и денес совршено и стојат.
– Ги носев истите овие бикини кога мојот драг пријател и ментор Херб Ритс ме фотографираше за ЛА магазин. Тогаш беа тесни, а ни сега не се ништо подобри, но успеав. Благодарам што ми овозможивте да ги облечам повторно, напиша Данката на Инстаграм.
Иако се ближи кон својата педесетта година, многумина ќе се сложат дека данската убавица се уште има сјајно тонирано тело, покрај младешкиот изглед.