Германските власти ја поздравија синоќешната одлука на британскиот Парламент за неприфаќање излез на Велика Британија од Европската унија без претходно постигнат договор за идните односи.
– Лондон покажа знаци на разум. Долниот дом испрати јасна порака дека во најмала рака не сака Брегзит без договор – изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Мас на Твитер истакна дека Брегзит без договор не би му бил од корист никому.
– Сега британската страна треба да каже што сака за да го заклучиме тој договор. Времето поминува – порача Мас.
ФОТО: EPA