Популарната манекенка Хајди Клум (45) и нејзиниот свршеник, музичарот Том Каулиц (29) ја започнаа врската во март лани, а се свршија на Бадник.
Двојката во моментот е во Берлин, каде Хајди ја очекува финалето од емисијата „Next Top Model“, а бендот на Том „Токио хотел“ има настап.
„Време е за шоу на „Токио хотел“! Берлин“, напишала Хајди во описот на фотографија на која таа го прегрнува околу половината својот свршеник, а тој ја бакнува.
Од неодамна почна да се шпекулира и дека Хајди е бремена, но двојката по тој повод сè уште не се огласила.
Во Берлин друштво им прават четирите деца на Хајди.