Хашкиот суд ќе ја објави пресудата за спорот меѓу Боливија и Чиле

Боливија го загуби пристапот до море откако беше поразена во Пацифичката војна со Чиле 1879-1883 година.

118

Меѓународниот суд за правда во Хаг денеска ќе ја објави одлуката за тужбата на Боливија која сака Чиле да и го врати пристапот до Тихиот океан.

Боливија го загуби пристапот до море откако беше поразена во Пацифичката војна со Чиле 1879-1883 година. Со мировниот договор потпишан во 1904 година без одредени сегашните граници меѓу двете земји.

Земјата претходно имаше излез на море кај градот Антофагасте на Тихиот океан, во регион кој тогаш го освои Чиле.

Боливија тврди дека осиромашила поради тоа што нема пристап до морето и оти би ја зајакнала својата трговија и извозот кога повотрно би го добила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...