Хафтар ги повика своите трупи „да ги научат непријателите на големата лекција“

211

Либискиот воен командант Калиф Хафтар, чии сили водеа офанзива во Триполи, ги охрабри своите војници да продолжат да се борат и покрај повиците на ОН за прекин на огнот.

Хафтар синоќа ги повика своите трупи „да ги научат непријателите на големата лекција“, додека не ги искоренат од „саканата земја“.

Самопрогласената Либиска национална војска на Хафтар се бори со полициските сили поврзани со меѓународно признатата влада, чие седиште е во Триполи.

Неговите сили, кои се базирани во источниот дел на земјата, покренаа офанзива во почетокот на април за да го заземат Триполи. Во борбите загинаа повеќе од 400 лица на двете страни, меѓу кои и цивили.

Хафтар не го спомена повикот на мисијата на ОН за еднонеделен прекин на огнот од утрово, што ќе се совпадне со почетокот на месецот на постот, Разаман.

Мисијата на ОН во Либија вчера повика на еднонеделно примирје во Триполи, каде што силите на Хафтар се борат против единиците поврзани со меѓународно признатата влада.

Мисијата соопшти дека „еднонеделното хуманитарно примирје“ ќе почне од денеска од 4 часот наутро и ги повика сите страни да ги прекинат воените операции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...