На профилот на Кенсингтонската палата е објавена фотографија на која Меган Маркл стои меѓу високи дрва во лежерна, спортска комбинација и се насмевнува а рацете и се нежно ставени на трудничкото стомаче.
Фотографијата е дело на принцот Хари, а споменот е на Нов Зеланд каде славниот пар престојувал во рамките на кралската турнеја.
Двојката ја објави бременоста на 15 октомври преку службениот профил на Кенсингтонската палата на Твитер. Терминот на породувањето е пролетта 2019.