„Хари Потер“ ќе биде најскапа претстава изведена на Бродвеј

122

Претставата „Хари Потер и проколнатото дете“, која е закажана за 22 април, ќе биде најскапата драмска продукција во историјата на Бродвеј. Трошоците за изведување изнесуваат вртоглави 68,5 милиони долари.

– Станува збор за голема сума, но тоа е Хари Потер, еден од најпопуларните брендови во историјата – објасниле надлежните, додавајќи дека сметаат дека претставата ќе биде хит, па затоа и потрошените милиони се добра инвестиција.

Претставата е работена по сценарио што со писателката Џ.К. Роулинг (52) го работел Џон Тифани. Претставата е во два дела и би требало да трае повеќе од пет часа. Дејството се одвива 19 години по последната книга, а Хари работи во Министерството за магии и е татко на три деца.

Истата претстава на престижниот лондонски театар Вест Енд е целосно распродадена 22 месеци по ред.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...