Војвотката од Сасекс претпочита да го поминат Божикниот одмор во резиденцијата на кралицата Елизабета Втора.
Резиденцијата Сандрингам не е голема и изборот на принцот Хари и неговата сопруга е чуден, рече извор близок до кралското семејство, кој претпоставува дека двајцата сакаат „сопствен простор”, одделно од неговиот брат.
„Односите меѓу двете семејства се љубезни, но тие не поминуваат многу време заедно”, рече истиот извор.
Односот помеѓу двајцата браќа се олади. Кејт е резервирана кон Меган уште од свадбата, зашто никако не и се допаднал фустанот, наменет за нејзината ќерка, принцезата Шарлот.
Божик во Сандрингем е сосема традиционален. Еднаш, принцезата Дијана рече дека е досадно и клаустрофобично. Според кралскиот биограф Кристофер Вилсон тоа може да биде тешко искушение дури за родените во кралското семејство.