Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин денеска и се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување.
Повеќе од 70 жени го обвинуваат соосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајнстин цо“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години.
„Случајот Вајнстин“ беше повод за ангажирање на движењето #MeToo, па стотини жени почнаа јавно да обвинуваат моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување.