Харадинај ќе ја покани Брнабиќ да го посети Косово во април

Би побарал согласност од вас на почетокот на април да ги поканам премиерите на Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, како и, се надевам, на Хрватска и Босна и Херцеговина, а – доколку дојде – и премиерката на Србија, но верувам дека е тоа малку тешко, изјавил Харадинај.

77
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека неговата српска колешка Ана Брнабиќ ќе биде меѓу поканетите да го посети Косово на почетокот на идниот месец, заедно со претседателите на влади на другите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според пишувањето на „Коха Диторе“, Харадинај настојува да организира во Косово средба на која премиерите на земјите на Западен Балкан ќе разговараат за процесите на евроинтеграциите во регионот.

Меѓу гостите планирано е да биде поканет и комесарот за добрососедство и проширување на Европската унија Јоханес Хан.

Намерата за организирање на средбата косовскиот премиер ја изнел на вчерашната седница на Владата, пишува приштинскиот весник.

– Би побарал согласност од вас на почетокот на април да ги поканам премиерите на Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, како и, се надевам, на Хрватска и Босна и Херцеговина, а – доколку дојде – и премиерката на Србија, но верувам дека е тоа малку тешко – изјавил Харадинај.

Речиси две децении по завршувањето на војната во Косово, ниту еден српски премиер не ја посетил земјата на покана од државниот врв во Приштина.

ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...