Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, порача денеска, на Денот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), дека оваа институција и натаму ужива најголема доверба кај граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека посебно внимание се посветува на интегрирањето на малцинските заедници, „кои ја гледаат ФСК како можност за поголема безбедност и за извонредна кариера“.
– Преку пакетот закони, кои се изгласани во прво читање во Собранието на Косово, со висок меѓупартиски консензус, ФСК доби јасен мандат како заштитник на суверенитетот и уставниот поредок на Косово – напиша Харадинај.
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA