Харадинај: Таксите ќе бидат повлечени кога Србија ќе го признае Косово

63

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека нема враќање назад во односите со Белград, дека нема укинување на таксите, поделби или спојувања, туку само, како што кажа, меѓусебно признавање, што ќе донесе слобода за народот и слободна тровија.

Во опширно интервју за косовскиот портал „Кос сев“, Харадинај кажа дека тие го бранат националниот интерес и вака ќе биде се додека Србија не биде подготвена да седне на маса и ги договори односите со Косово.

-Тие односи можат да бидат со меѓусебно признавање во постојните граници. Тогаш ќе бидеме слободен народ од двете страни и ќе има слободна трговија – рече Харадинај во интервјуто.

На прашањето дали верува дека е можно вакво сценарио косовскиот премиер вели дека не мисли дека признавањето мора да дојде заради таксите, туку дека е тоа интерес, можеби, и на Србија.

– Србија ќе не признае заради Србите, не заради нас. Ние не бараме некаква услуга од Србија – рече Харадинај.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој кажа дека за тоа е потребна рамка, а рамката за дијалогот, според него, е спогодба.

  • Тоа значи дека секогаш ќе зборуваме за признавање – повтори Харадинај.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...