Харадинај: Предвремени избори не се во интерес на Косово

168
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека одржување на предвремени парламентарни избори оваа година не е во интерес на Косово, иако, како нагласи неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК) „никогаш не била поподготвена за нови избори“.

Харадинај во интервју за „Епока е Ре“ наведува дека 2019 година нема да биде лесна за Косово, бидејќи, како што вели, ќе се соочи со процесот на дијалог со Србија и со Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК)..

Тој ги повика двете најсилни опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), да се приклучат во процесот на дијалог, нагласувајќи дека „никој не треба да се плаши од тој процес“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...