Харадинај: Могерини и Хан им изгубија една година на ЕУ и Балканот со изјавите за границата

189
PHOTO: EPA/OLIVIER HOSLET

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги обвини високите претставници на Европската Унија, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, дека со нивните изјави за корекција на границата меѓу Косово и Србија, на Унијата и на Балканот им изгубиле цела една година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Запрашан да ја коментира изјавата на Хан дека „може да се разговара за корекција на границите доколку се согласат косовската и српската страна“, Харадинај рече дека „кога не би се зборувало за оваа тема можеби договорот меѓу Косово и Србија би можел да биде постигнат“.

– Со овие Европејци кои говорат за територии можеме да одиме само назад – одговори косовскиот премиер на прашањето дали може да се очекува договор меѓу Приштина и Белград до крајот на годинава.

Изјавата Харадинај ја даде на комеморацијата по повод 20-годишнината од убиството на повеќе цивили во селото Словиње кај Липљан во централно Косово.

На прашањето дали како премиер би прифатил евентуален договор од средбата на 29 април во Берлин меѓу претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, Харадинај рече дека тој „нема преговарачки мандат“.

FOTO EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...