Коментарот на Харадинај уследи по денешната изјава на Вучиќ дека, по самитот на лидерите на Западен Балкан во Париз, идниот месец, Србија ќе почне да презема „силни и остри мерки против Косово“.
Косовскиот премиер преку објава на Фејсбук му порача на српскиот претседател да се откаже од ставовите кои ги имал и во минатото и кои „предизвикаа трагедии и болка“.
„Рефлектирај Вучиќ. Време е да ги прифатиш европските вредности, а не да изнесуваш ставови кои си ги изнесувал во минатото, ставови кои предизвикаа трагедии и болка. Државата Косово е држава и на косовските Срби, општество во кое сме заедно. Нам ни треба надеж и Косово е подготвено за спогодба со која ќе се прифати реалноста на две држави, во постоечките граници и со меѓусебно почитување“, напиша Храдинај.