Харадинај во Њујорк ќе лобира за јакнење на меѓународните позиции на Косово

63

Косовскиот премиер Рамуш Харадиај идната недела ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде што најави средби со премиери и делегации кои учествуваат на Генералното собрание на ООН, како и со американски сенатори, конгресмени и други претставници на официјален Вашингтон.

Харадинај преку објава на Фејсбук нагласи дека во фокусот на неговите активности во Њујорк ќе биде јакнењето на меѓународната позиција на Косово.

– Во Њујорк ќе остварам билатерални средби со колеги и меѓународни делегации кои учествуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации, со акцент на презентацијата на достигнувањата на Косово, зачленувањето на земјата во меѓународните организации, привлекување директни инвестиции во земјата и други теми кои се во интерес за Косово. Покрај тоа, во правец на јакнењето на партнерството со САД, ќе остварам средби со сенатори, конгресмени и влијателни личности во Вашингтон, напиша Харадинај, порачувајќи дека „евроатлантскиот пат на земјата е неповратен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...