Харадинај: Ако падне Владата, треба да си заминат и Тачи и Весели

76
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ако падне неговата Влада, тогаш од функција треба да си заминат и косовскиот претседател Хашим Тачи и претседателот на Собранието Кадри Весели.

Тој во интервјуто за „КТВ Интерактив“ наведе дека не се откажува од непроменливоста на границите и зголемувањето на таксата на српската стока, дури ни по цена на пад на Владата.

Харадинај додаде дека доколку тој си замине од функцијата на премиер, тогаш со него треба да си заминат и Тачи и Весели.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...