Хан се надева на обнова на дијалогот меѓу Белград и Приштина

54

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан денеска во Букурешт изрази надеж дека дијалогот меѓу Белград и Приштина повторно ќе биде обновен.

– Се надевам дека некои луѓе ќе се придвижат и ќе сфатат што е влогот тука – порача Хан.

Тој на почетокот од неформалната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Букурешт информира дека една од темите на вториот ден од состанокот ќе биде редовен преглед на ситуацијата на Западен Балкан.

– Ќе го прославиме она што го постигнавме со идна Северна Македонија. Тоа, се надевам, ќе придвижи понатамошна позитивна динамика во регионот и ќе стимулира повторно придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина – истакна Хан.

На европските шефови на дипломатии на состанокот во Букурешт утре ќе им се приклучат и министрите за надворешни работи на земјите кандидати за членство во ЕУ, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров.

Фото: EPA-EFE-MALTON-DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...