Хан оптимист за постигнување решение од дијалогот Белград-Приштина

Европскоит комесар нагласи дека има нов поттик за двете страни да дојдат до договор што е можно побрзо.

46

Европскиот комесар за преговори за проширување на ЕУ, Јоахнес Хан денеска во Софија изјави дека е оптимист кога станува збор за поттикнување решение од дијалогот Белград- Приштина.

– Јас сум секогаш оптимист. Новата стратегија јасно нагласува дека постои песпектива за се. Тоа значи дека и во интерес на Косово е да работи на решение за правно обрзувачки договор – изјави Хан на доаѓањето на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Софија.

Европскоит комесар нагласи дека има нов поттик за двете страни да дојдат до договор што е можно побрзо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...