Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната средба со српската премиерка разговараше за идните чекори во пристапувањето на Србија во ЕУ, за дијалогот Белград – Приштина и за други теми.
Хан на Твитер напиша дека имал „многу добар“ состанок со српската премиерка Брнабиќ.
Тој додаде дека разговарале за „следните чекори во пристапните преговори на Србија, дијалогот Србија – Косово, владеење на правото, ревизија на Уставот во областа на правосудството“.
„Го поздравувам формирањето на Заедничка работна група за медиумска стратегија“, напиша Хан на Твитер.
Тој синоќа допатува во Белград и се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ и Хан денеска ќе присуствуваат на отворање на мост во Белград, во чија изградба ЕУ вложи 30 милиони евра.