Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска ги повика лидерите во БиХ брзо да формираат власт заради продолжување на реформите во земјата.
„Повторно ги повикав лидерите брзо да формираат власт за да продолжат со спроведување на реформите во интерес на граѓаните“, напиша Хан на Твитер по средбата со членовите на Претседателството на БиХ во состав Милорад Додик, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
Во текот на денот Хан имаше средба со 16 политички субјекти во Сараево, а со функционерите од БиХ разговараше за реформите и процесот на европски интеграции.
Од Сараево, Хан вечерва ќе отпатува во дводневна посета на Србија, каде ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET