Хамас: Оставката на Либерман е победа за Газа

105

Портпаролот на палестинското движење Хамас, Сами Абу Зухри денеска изјави дека оставката на израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман по дводневните тешки борби е „политичка победа за Газа“.

Либерман денеска изјави дека поднесува оставка од функцијата во конзервативната коалициска Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Одлуката ја донел во знак на протест поради примирјето во Појасот Газа.

Објавувајќи ја оставката, која стапува во сила 48 часа откако ќе ја предаде во писмена форма, Либерман го нарече вчерашниот договор за прекин на огнот со палестинското исламистичко движење Хамас, постигнат со посредство на Египет, „капитулација пред теророт“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...