Хали Бери ќе се испроба за прв пат во улога на режисерка на драма

210

Добитничката на Оскар и една од најуспешните актерки Хали Бери ќе се испроба за прв пат во улога на режисерка на драмата „Bruised“.

Покрај тоа што ќе режира филм, Бери ќе ја глуми Џеки „Правда“, посрамотената ММА спортистка која се соочува со шестгодишниот син откако неколку години претходно го напуштила.

Џеки ќе мора да се бори против една од ММА ѕвездите во подем и да се соочи со својте демони, додека во исто време ќе се обидува да биде добра мајка на синот Мени.

Филмот е последен во низата проекти со кои Бери го означи своето враќање на големиот екран по тригодишната пауза .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...