Холивудската актерка Хали Бери (52) на социјалната мрежа Инстаграм ја покажала тетоважата која се протега долж целиот ‘рбет.
Хали се разголила за најновата фотографија за да го покаже своето уметничко дело на грбот, а покрај фотографијата напишала:
„Кој вели дека не сум сирена?“
Актерката и понатаму воодушевува со својот совршен изглед, а неодамна рекла дека за нејзината линија е заслужна диета и строг режим на физичка активност.
„Да, добро сте прочитале – десетгодишна диета. Но, не грижете се. Не станува збор за класични диети кои подразбираат гладување туку за разновидна, урамнотежена исхрана која подразбира избегнување нездрави производи. Нашиот внатрешен воин е добар само онолку колку што добро го храниме, а она што го јадеме ја гради нашата основа“, објаснила сексапилната актерка.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин