Најголемата австриска новинска агенција АПА била цел на хакерски напади во ноември, објави виенскиот дневен весник Кронер цајтунг.
Хакерите се обиделе да ја спречат целосно работата на новинската агенција.
– Нападот беше извршен со т.н. ransomware – потврди портпаролката на АПА, Петра Халер.
Станува збор за напад со софтвер што со шифрирање интерни ИТ системи се обидува да прекине работа на компјутерски систем.
-Инфицираните делови беа веднаш исклучени од целокупниот систем и со тоа се спречи понатамошно ширење – рече Халер, додавајќи дека редакциската работа не е засегната од тој напад.
Мотивите и позадината на нападот врз АПА се уште не се познати, а агенцијата поднесе пријава до Федералната служба за кримина