Хакери упаднале во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари, соопшти денеска бугарската Влада.
Како што пренесе Фена, нападот на бугарската даночна управа (НРА) се случил кон крајот на јуни, а за него се дознало кога лице кое тврдело дека е руски хакер синоќа ги контактирало локалните медиуми нудејќи пристап до украдените податоци.
– Споредивме 30 отсто од податоците што се јавно објавени и потврдуваме дека се работи за податоци кои ги имала НРА – рече портпаролот на НРА Росен Бачваров.
Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов изјави дека околу три проценти од базата на податоци е засегната, што вклучува милиони досиеја во земја во која има седум милиони жители. Според него, не само што протекле лични податоци, туку и даночни и социјални податоци.