Хакери го нападнаа Ватсап, надгледувале корисници

113

Хакери успеале во апликацијата за размена на пораки Ватсап да инсталираат софтвер што надгледувал одредени корисници, јави Би-Би-Си.

Ватсап, во сопственост на Фејсбук, соопшти  дека хакерскиот напад бил насочен само кон „одбран број” корисници и дека во петокот го решиле проблемот и ја оневозможиле понатамошната неовластена контрола.

Тие побараа од клиентите, што се околу 1,5 милијарди долари, да ги ажурираат апликациите како дополнителна мерка на претпазливост.

Нападот бил откриен претходно овој месец, а штетниот софтвер бил изработен од израелската безбедносна компанија НСО Група.

Во изјава за Би-Би-Си од Ватсап велат дека нивниот тим за безбедност, веднаш штом го открил хакерскиот напад ги известил релевантните здруженија за човекови права, безбедносните агенции и американското Министерство за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...