Жалбениот совет на Механизмот на кривични судови во Хаг делумно го прифати барањето на Обвинителството и го осуди лидерот на Српска радикална партија (СРС), Војислав Шешељ на 10 години затвор.
Но, Шешељ нема да одi во затвор бидејќи во притворот во Хашкиот трибунал за време на судењето помина вкупно 11,5 години.
Жалбениот совет донесе одлука дека Шешељ е виновен по точките еден, 10 и 11 од обвинението односно за прогон, протерување и присилно преместување на населението.
Шешељ со првостепената пресуда ослободен е од сите обвиненија на Хашкиот трибунал. Со првостепената пресуда на судскиот совет на Хашкиот трибунал донесена на 31 март 2016 година, Шешељ беше ослободен по сите девет точки од обвинението, кое го товареше дека со говор на омраза поттикнуваше и ги поддржуваше воените злосторства во Хрватска и во Босна и Херцеговина, како и за протерување на Хрватите од Војводина.
На таа пресуда жалба поднесе Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.