Хавајската принцеза Ебигејл Кавананакоа (92) ѝ остави 40 милиони долари и целиот свој имот во наследство на својата сопруга Вероника Гејл Ворф, со која се во врска веќе 20 години.
Старицата своето богатство го наследила од својот прадедо Џејмс Кемпбел – ирски земјопоседник и трговец со шеќерна трска, еден од најмоќните на Хаваи. Денес имотот вреди вкупно 215 милиони долари, а доскоро одговорен за него беше нејзиниот адвокат.
Таа, инаку е наследничка и на кралската Кавананакоа династија, но денес нејзината титула „принцеза“ е неформална, бидејќи Кралството Хаваи повеќе не постои, а островот е една од американските сојузни држави. Сепак, поради традицијата, жителите на Хаваи претпочитаат и натаму да ја именуваат старицата како принцеза.
Во септември, судските власти одлучија дека Кавананакоа не е ментално способна да управува со имотот, па ја постави Првата хавајска банка како управител.
Со измени во тестаментот, Кавананакоа има намера да ѝ препише сѐ на сопругата, да се основа нова хуманитарна фондација која ќе придонесува за хавајското општество и да го врати нејзиниот адвокат како управител на тој нов субјект.
Фото – Принтскрин/Твитер