ФХ3Х дел од ефектите на „Мег“ – ајкулата чудовиште, премиерата утревечер во Скопје

Премиерата на „Мег“ е утревечер во киното Синеплекс во Скопје.

190

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од утревечер ќе почне да се прикажува во Скопје.

Филмот е снимен според новелата „Мег: Новела на длабок терор“ на Стив Алтен, кој пак бил инспириран од приказната за гребенот Мариана во Пацификот. Дејството на филмот е лоцирано токму во овој гребен, кој со своите повеќе од десет илјади километри, е најдлабокиот кој му е познат на човештвото. Од длабочините на ова најенигматско место на Океанот се појавува дваесет метри долгата ајкула Мегалодон, а тука е и палеонтолог, кој се обидува да го спречи нападот на ајкулата и нејзиното размножување.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од април до октомври, минатата година, а биле ангажирани 80 артисти.

– Филмот доби добри критики како научно-фантастичен трилер и летна забава, секако умерена, бидејќи е и за деца над 13 години. Заработката, иако можеби не е единственото мерило за квалитетот на филмот, но Мег трипати го надмина буџетот за продукција и досега заработи 315 милиони долари, а во многу земји во светот, меѓу кои и во нашата, премиерата допрва претстои. Оценката на визуелните ефекти, она што нас најмногу не интересира, е повеќе од одлична. Според Форбс, тие се импресивни, и тоа е доволно да не привлече да одиме во кино и да го погледнеме филмот – вели Даниловски.

Во главните улоги настапуваат Џон Статам и Лин Бингбинг, а во останатите улоги се појавуваат Раин Вилсон, Руби Роуз, Винстон Чао и Клиф Кртис. Режијата не на Џон Тртлтауб

Премиерата на „Мег“ е утревечер во киното Синеплекс во Скопје.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...