Вредноста на фунтата денеска достигна петмесечен максимум во однос на доларот, бидејќи лидерите на ЕУ и Британија потврдија дека е постигнат предлог договор за Брегзит.
Во еден момент фунтата забележала пораст од дури 1,2988 долари, достигнувајќи на тој начин петмесечен максимум. Еврото, исто така, зајакна во однос на доларот, со скок за 0,5 отсто.
Акциите на берзите низ Европа се зголемиле за 0,75 отсто, веднаш откако е соопштено дека е постигнат договор за Брегзит.
Британскиот премиер Борис Џонсон објави на Твитер дека е постигнат одличен нов договор, кој повторно ја враќа контролата.