Фукујама: На ЕУ и недостига демократија

103

Познатиот американски филозоф Френсис Фукујама синоќа во Виена претставувајќи ја својата нова книга „Идентитет“ изјави дека Европска Унија во својата суштина не е демократска, бидејќи нејзината најмоќна институција Европска Комисија е најмалку демократска.

Тој додаде дека не е како што предвидуваше либераната демократија „крај на историјата“ туку „системот во Унгарија, каде владее (премиерот Виктор) Орбан како легитимно избран и сега со сите средства се обидува повеќе никогаш да не биде сменет“.

Фукујама предлага ЕУ силно да му се спротистави на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на сите други авторитативни системи во Источна Европа.

– ЕУ би требало да се спротистави на тоа така што ќе престане со пари од фондовите на Унијата да го помага Орбан да ја зацврсти својата власт – истакна Фукујама.

Тој оцени дека сите источноевропски земји членки на ЕУ имаат недостиг од национална самодоверна и кревок идентитет, поради што популистичките влади можат лесно да заземат улога на жртва пред Брисел.

– Секоја критика се прикажува како напад – потенцира Фукујама.

Тој додаде дека речиси секаде постои слабост на европскиот идентитет.

– Националниот идентитет е посилен од европската свест. Таа може да се најде само кај елитите, кај оние групи кои навистина профитираат од заедничка Европа – потенцира Фукујама, додавајќи оти не верува дека ЕУ во блиска иднина би можела да биде поединствена и ќе има потешкотии да ги зачува своите досегашни успеси.

Тој додаде дека западната демократија е во криза бидејќи е под притисок на авторитарните системи и ослабените популистички партии, чии гласачи пред се го следат својот гнев.

Според Фукујама воведувањето на еврото под актуелните политички услови беше грешка, иако заедничката валута долгорочно е единствена перспектива.

Тој се осврна и на Брегзит. Фукујама е убеден дека со излегувањето на Велика Британија од ЕУ „ќе се замолкнат“ сите други држави кои се залагаат за напуштање на Унијата, бидејќи ќе се покаже колку е болен таквиот чекор.

Што се однесува до САД, Фукујама истакна дека не извесно дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изгуби на изборите во 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...