Фрaнцускиот Парламент ќе гласа закон за сценарио за Брегзит без договор меѓу Велика Британија и ЕУ

Според планираното, Лондон и Брисел треба да постигнат договор за Брегзит до самитот на ЕУ на 18 и 19 октомври.

103

Француската Влада на почетокот од ноември во Сенатот ќе поднесе предлог – закон кој предвидува мерки при ситуација на Брегзит без постигнат договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Предлог-законот денеска на владина седница ќе го презентира министерот за европски прашања, Натали Лоазо. Со него на Владата и се овозможува да усвојува директиви за решавање на проблемите што ќе ги предизвика Брегзит во француско-британските односи.

Текстот ќе биде поднесен во Сенатот на 5 ноември и во Националното собрание во декември.

Според планираното, Лондон и Брисел треба да постигнат договор за Брегзит до самитот на ЕУ на 18 и 19 октомври. Но, преговорите се во ќорсокак, а тоа предизвикува загриженост дека може и да не се постигне договор.

Таквата ситуација би имала сериозни економски последици врз двете страни на Ла Манш, а исто така ќе создаде многу правни дупки во европското и француското право, како што се пензиските права на француските работници во Велика Британија кои сакаат да се вратат во Франција, признавањето на британските дипломи во Франција и условите за престој на британски државјани во Франција.

ФОТО: EPA-EFE-CHRISTOPHE-PETIT-TESSON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...